За патронот

За Александар Македонски

Секогаш во чекор со времето, чекор пред другите!

Александар III Македонски е македонски крал од династијата на Аргеади, син на Филип II и на Олимпијада. Роден е на 20/21 јули 356 година пред н.е. во Пела , а починал во Бабилон на 10/11 јуни 323 година пред н.е.
Владеел од 336 до 323 година пред н.е.

Ученик на познатиот хеленски филозоф Аристотел , кој одиграл големо влијание врз неговиот психофизички развој . Аристотел ја поттикнал неговата љубов кон природните науки, историјата и уметноста, а како иден владател го подготвил за општественото уредување на државата, односот кон поданиците и верата, животот и смртта.

Со воена слава се стекнал  на 18 години, кога учествувал  во битката кај Хајронеја и заедно со својот татко, во 338 година пред н.е. ги победиле  здружените сили на Хелените.

Александар Македонски е најголемиот  војсководач  и освојувач во светската историја. Со своите походи  тој надалеку го раширил и прославил името на Македонија.

Александар Македонски преставува една од најзначајните личности во историјата на човештвото.

Нашиот патрон

Ви требаат повеќе информации?

Контактирајте нè

Кликнете го копчето за да ја посетите нашата контакт страница од каде што можете да нè контактирате.