За училиштето

ООУ „Александар Македонски“

Знаењето е патот кон неограничени можности!

Општинското основно училиште „Александар Македонски“—Скопје, отворено во 2013 година, една деценија со успех работи на образованието, воспитувањето, издигнувањето на младите генерации, давајќи своевиден придонес во нивното натамошно школување и вклучување во сите сфери на општествениот живот.

НАШАТА МИСИЈА

„Нудиме современ воспитно-образовен процес низ кој градиме личности со развиена свест и способности за колективен и индивидуален развој. Jа почитуваме личноста на ученикот и на родителите. Користиме современа наставна технологија. Нашето училиште презема најразлични активности со кои поддржува партнерски односи меѓу учениците, наставниците и родителите“

НАШАТА ВИЗИЈА

„Нашето училиште да биде средина каде што учениците со задоволство ќе доаѓаат и на современ начин ќе се стекнуваат нови знаења. Да бидеме граѓани подготвени за предизвиците во животот, образовани личности со стекнати знаења и вештини за работа. Еднакви можности за сите ученици, меѓуетничка комуникација и интеграција.“

НАШИТЕ ЦЕЛИ

„Цели на училиштето се обучен наставен кадар со вештини и компетенции потребни за образованието на 21 век, спроведување добри иновативни практики, почит, доверба и одговорност во комуникацијата и однесувањето на учениците, унапредување на соработка со родители и зајакнување на демократската клима во училиштето.“

Ви требаат повеќе информации?

Контактирајте нè

Кликнете го копчето за да ја посетите нашата контакт страница од каде што можете да нè контактирате.