Соопштение за упис на првачиња за учебната 2024/25 година

Врз основа на член 60 од Законот за основно образование (Службен весник на Р.С. Македонија бр.161 од 05.08.2019 г.) Општинското основно училиште „Александар Македонски“ Аеродром – Скопје, врши запишување на децата во прво одделение за учебната 2024/2025 година. 

  1. Во прво одделение на основното училиште родителот, односно старателот е должен да го запише детето кое до крајот на календарската година ќе наполни 6 (шест) години. Во учебната 2024/2025 година во прво одделение ќе се запишат деца кои се родени во 2018 година. 
  2. По исклучок од точка (1), детето може да се запише во прво одделение, доколку е родено до 31 јануари 2019, по претходно барање од родителот, односно старателот и добиено мислење од педагогот или психологот во училиштето. 

Ве известуваме дека подготвеноста на детето за во училиште, задолжително ќе се одвива од 09.05.2024 до 31.05.2024 година во просториите на  ООУ „Александар Македонски“ – Аеродром. Уписите ќе се вршат секој работен ден во термини од 09:00 до 15:00 часот (со претходно закажан термин).

Предност при упис имаат децата кои ќе бидат повикани и дојдени со уредна документација. 

Реонски поканети, а не дојдени ученици на опсервација заради нивно запишување од друго училиште задолжително да достават согласност/потврда од училиштето каде се запишуваат, со цел нашето училиште да има увид во бројот на преостанати слободни места. 

Постапката на запишување ја спроведува комисија за упис на деца во прво одделение формирана со одлука на директорот. 

При запишувањето на детето, задолжително е присуство на неговиот родител/старател. 

На денот на уписот задолжително треба да се достават следните документи: 

• Извод од матична книга на родени за детето (фотокопија); 
• Лекарска потврда за примени задолжителни вакцини за детето, издадена од надлежна здравствена установа-оригинал. Во прилог на ова задолжително да се достави вакцинален картон на детето (фотокопија); 
• Потврда за офталмолошки преглед издадена од надлежна здравствена институција-оригинал
• Потврда за стоматолошки преглед издадена од надлежна здравствена институција-оригинал 
• Лична карта на родителот/старателот (на увид) 
• При запишување на детето со попреченост во прво одделение родителот, односно старателот е должен да достави и мислење/функционален профил од комисијата за проценка на деца и младинци за дополнителна образовна, социјална и здравствена поддршка според МКФ-оригинал. 

На следниот линк можете да ги најдете потребните документи за упис на првачиња.

Директор
Маја Буклеска


Posted

in

by

Tags: