Интернетот не е само игра. Кликај безбедно!

Во нашето училиште се реализираше едукативна посета од Тимот А1 Македонија на тема „Интернетот не е само игра…Кликај безбедно!“. Едукативниот час беше наменет за учениците од четврто одделение.

Тимот А1 Македонија овој проект го започна во февруари 2018 година и има за цел едукација на четвртоодделенците за подобро и паметно користење на интернетот и како да се заштитат од можни опасности при користењето на интернет и социјални мрежи. Учениците со внимание и љубопитност го следеа предавањето, поставуваа интересни прашања, споделуваа искуства и што е најважно се здобија со повеќе знаење и информации.

Благодарност до Тимот А1 Македонија што ги споделија своите знаења и искуство со нас.


Posted

in

by

Tags: